Програмерскиот тим на BibApp со задоволство го најави објавувањето на апликацијата BibApp (верзија 1.0).
BibApp е апликација за истражување на податоци на универзитетски кампуси и пронаоѓање на експерти. Апликацијата ги поврзува истражувачите од кампусот или истражувачкиот центар со податоците од нивните публикации и ги обработува тие податоци за да забележи соработки, креира визуелизации на областите на истражување и пронаоѓа експерти во областите на истражување.
Со BibApp, лесно може да се види кои публикации можат да бидат поставени на интернет за да се постигне подобар пристап и зголемено влијание. BibApp може да ги внесе тие публикации директно во институционално складиште (репозиториум).
BibApp им овозможува на истражувачите и истражувачките групи да промовираат истражувања, да најдат соработници од кампусот, и да ги направат истражувањата подостапни. Апликацијата исто така им овозможува на библиотеките подобро да го разберат истражувањето коешто се одвива во локалните катедри, да ги олеснат разговорите со истражувачите околу авторските права, и да го намалат оптоварувањето на институционалното складиште. Конечно, BibApp им овозможува на администраторите на кампусот да добијат појасна слика за соработката и трендовите на научно издаваштво на кампусот.
BibApp е резултат на соработката помеѓу Универзитетот на Висконсин-Медисон и Универзитетот на Илиноис во Урбана-Шампеин. Институтот за информатика на Илиноис при Универзитетот во Илиноис, великодушно обезбеди средства за развивањето на верзијата 1.0 на апликацијата BibApp.
BibApp е апликација развиена во програмскиот јазик Ruby on Rails, во комбинација со пребарувачот Solr/Lucene, и или MySQL или PostgreSQL како своја база на податоци. Апликацијата користи отворени стандарди и протоколи како што се OpenURL и SWORD и автоматски повлекува податоци од трети извори како што се Google Books и базата на податоци Sherpa/Romeo со политиките на издавачки куќи.
BibApp увeзува податоци од публикации во библиографските формати RIS, MEDLINE и Refworks XML и извезува податоци во неколку формати (APA, Чикаго, IEEE, MLA, и др) преку CiteProc. BibApp исто така обезбедува интерфејс за програмирање на апликации за веб сервисите, за доставување на податоци како XML, YML, JSON и RDF. BibApp е објавена под лиценца на Универзитетот на Илиноис/NCSA за софтвер со отворен код.