Новата стабилна верзија на популарната мулти-платформска работна околина нуди полесно работење и префинетост
Проектот Гном (GNOME) ја објави најновата верзија на работна околина и развојна платформа – Гном. Гном е водечката работна околина за Линукс и Јуникс оперативните системи. Верзијата 2.10 е постабилна, поедноставна за користење и помоќна, а благодарение на интегрираната мултимедија, додадените способности за развој и илјадниците промени кои ја зачинуваат наједноставната и најпријателската слободна работна околина.
Во склад со филозофијата на Гном, проектот Гном објавува нови стабилни верзии секои шест месеци. На овој начин најбрзо се доставуваат подобрувањата до корисниците и се овозможува развивачите и дистрибутерите на Гном да ги планираат своите производи базирани на Гном со многу поголема доверба. Како резултат на ова, дистрибутерите на ГНУ/Линукс како што се Федора, СУСЕ и Убунту ќе го вклучат Гном 2.10 во наредните верзии на нивните производи со што ќе го направат Гном 2.10 достапен за милиони корисници.
Клучни опции во Гном 2.10 на кои што може да се надеваат корисниците:
• Интегриран видео плеер, „рипување“ на CD-а со едно кликнување, и подобрена поддршка за формати. Ова ја прави поддршката за мултимедија на работната околина за Линукс многу поконкурентна за останатите неслободни оперативни системи.
• Подобрена автоматска детекција на хардвер и мрежни сервери, а сè со цел да се добие софтвер којшто „едноставно работи“ без да им го одвлекува вниманието или пак да ги збунува корисниците.
• Подобрено интегрирање и комунукација помеѓу апликациите и околината, користење стандардни кои работат на сите платформи, подобрување на искуствата како за корисникот така и за независните производители на софтвер.
• Добар и елегантен изглед и стабилност базирани на повратни информации од корисниците.
„Многу сме возбудени поради објавувањето на Гном“, рече Кристијан Шалер, бизнис менаџер во Флуендо и лидер на проектот „Gstreamer“. „Покрај тоа што служи за решавање на проблемите на крајните корисници, во соработка со развојните тимови на „freedesktop.org“, „Gstreamer“ и „GTK+“, Гном се стреми кон комплетна околина составена само од слободен софтвер.“
“Многу се забавуваме кога го работиме ова”, рече Луис Вила, член во одборот на фондацијата Гном. „Наместо да најавуваат софтвер кој што се чека да биде објавен со години, развивачите на Гном креираат цврсти подобрувања и истите ни ги доставуваат двапати годишно. Ова е нешто на кое што не може да му парира ниеден производител на неслободен софтвер.”
Достапност
Гном 2.10 наскоро ќе биде достапен како дел од повеќето популарни Линукс дистрибуции. За оние кои што не можат да го почекаат, новото „живо“ CD базирано на Гном (достапно на www.gnome.org/start/2.10/) им овозможува на корисниците и на други заинтересирани страни да ја тестираат најновата работна околина Гном само со снимање на едно CD и рестартирање на компјутерот – не е потребна инсталација.
Развивачите и напредните корисници кои што сакаат да ја инсталираат работната околина Гном 2.10 можат да ја преземат од http://ftp.gnome.org/pub/GNOME/desktop/ Софтверот доаѓа и со изворниот код на интерфејсот на работната околина Гном 2.10 како и со комплетен пакет на алатки за развој и библиотеки.