По долгите и возбудливи дискусии, дебати и рецензии, жирито за Наградата на светскиот самит за мобилни апликации се согласи околу изборот: оваа година наградата им припадна на 40 учесници од 28 земји на 5 континенти, во конкуренција со 435 одлични производи поднесени од 102 земји-членки на ОН.
Резултатите се импресивни: со по три победнички проекти, Кина, Финска и Германија се најуспешните нации на овогодишниот натпревар. Африканските учесници имаа извонреден учинок: со двајца победници континентот ја докажа својата креативност и, што е уште поважно, квалитетот во областа на развојот на мобилни апликации. Азиските програмери ја потврдија нивната улога на нови ѕвезди во мобилниот свет, постигнувајќи успех во категоријата за квалитет на содржини, со вкупно 6 победници. Јужна Америка го подобри резултатот од 2010 година и освои 4 награди.
Извор: WSA-Mobile „It’s a mobile world – WSA-mobile Winners 2012 announced“