Фондацијата Метаморфозис на 26 мај 2005г. од 15 до 17 часот ќе одржи обука за наоѓање информации на интернет со користење на пребарувачи (search engines) наменета за новинари и уредници

Фондацијата Метаморфозис на 26 мај 2005г. од 15 до 17 часот ќе одржи обука за наоѓање информации на интернет со користење на пребарувачи (search engines) наменета за новинари и уредници.

Обуката ќе ја одржи м-р Петар Кајевски, експерт за пребарување и автор на единствениот македонски пребарувач Најди.

Обуката ќе опфати теоретски и практичен дел и е наменета за новинари или уредници од сите профили, а не само за оние кои се специјализирани за информатички теми.

Таа ќе биде особено полезна за медиумски професионалци кои се занимаваат со истражувачко новинарство.