Во рамки на проектот „Техничка  и интегрирана заштита на личните податоци-градење инклузивен дигитален екосситем“, поддржан од Европската унија, Фондацијата Метаморфозис во соработка со Здружение Конект на 15-ти јуни 2022 година организираше панел-дискусија на тема „Што можеме да направиме за поголема заштита на личните податоци на граѓаните“.

На овој настан  беа презентирани планираните активности и очекуваните резултати од проектот и  актуелните трендови и процеси поврзани со заштита на лични податоци во земјата и во ЕУ. На настанот се обратија:

  • Елвис Али, претставник на Делегацијата на Европска унија
  • Емилија Гиноска, Агенција за заштита на лични податоци
  • Весна Радиновска, Фондација Метаморфозис
  • Никица Кусиникова, Здружение Конект

Во наредниот период, преку проектот ќе се организираат обуки за претставници на институции, граѓански организации, медиуми и деловни субјекти на теми поврзани со правото на заштита на лични податоци.