За време на одржувањето на свеченоста по повод Денот на Европа, пред Канцеларијата на Европската унија во Скопје, Фронтот за слобода на изразување одржа протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје под мотото „Смрт за фашизмот, слобода на изразувањето“.
Според организаторите, повод за протестот на овој ден, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, е обидот да се воведе цензура со неправилно донесување закон за медиуми од страна на македонската влада.
Протестот почна во периодот кога во седиштето на ЕУ во Скопје требаше да пристигне владина делегација, за да присуствувана одбележувањето на Денот на Европа.
Учесниците на протестот побараа да запрат цензурата и притисоците врз медиумите.
Револтирани од состојбите во земјава на ова поле, учесниците на протестот вината и одговорноста ја побараа кај власта, но и кај Европската унија.
Извори:
- telma.com.mk: „Смрт за фашизмот – Слобода на изразувањето“ 9 мај, 2013.
- А1on.mk: Протест – „Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“ 9 мај, 2013.
- novatv.mk: „Смрт на фашизмот – слобода на изразувањето“ 9 мај, 2013.




