На 30 јануари 2026 година се одржа седница на Управниот комитет на Мрежата на граѓански организации за Партнерство за отворена власт (ПОВ), во просториите на Фондација „Метаморфозис“. На седницата учествуваа претставници на 9 граѓански организации – членки на Управниот комитет.

На состанокот се разгледуваше Предлог-програмата за работа на Управниот комитет, која по состанокот беше доставена до сите членки за финално усвојување. Во рамки на дискусијата беше отворено и прашањето за видливоста и импактот на Мрежата. Дополнително, Управниот комитет на Мрежата одлучи во наредниот период да се фокусира на зајакнување на активното учество на постојните членки во Мрежата.