Двајца хонорарни соработници: е-рајдери (е-riders) на определено време

        Двајца хонорарни соработници со полно работно време:
 е-рајдери (е-riders) на определено време

        Опис на работното место:
– посета на НВО вклучени во проектот, во следниве градови во Р. Македонија: Велес, Скопје, Куманово, Тетово, Гостивар и Кичево
– обезбедување на техничка помош и поддршка на НВО од областа на информатичките технологии

        Потребни вештини:
– основно познавање на НВО секторот
– познавање на апликации за канцелариско работење и интернет
– основи на компјутерски мрежи
– способност за учење и работа во тим
– комуникативност

        Предност имаат лица:
– со ВСС стекнати на ИИ при ПМФ, КТИА при ЕТФ или нивни еквиваленти
– со познавање на повеќе програмски алатки, пакети
– со искуство како обучувачи
– кои владеат повеќе јазици
– кои поседуваат важечка возачка дозвола

        Потребни документи:
– писмо-пријава
– биографија (CV)
– доказ за завршено образование
– други сертификати соодветни за работното место

        Право на учество на конкурсот имаат сите полнолентни лица со завршено средно образование.

        Фондацијата Метаморфозис, како организација која нуди еднакви можности, ги охрабрува и женските кандидати да се пријават.

        Учесниците треба да ја достават потребната документација до 16 часот на 5 април 2005 г. (вторник) во просториите на
Фондацијата Метаморфозис на улица Наум Наумовски Борче 88-а, 1000 Скопје, со назнака „За конкурс“ или по електронска пошта на info@metamorphosis.org.mk

        Одбиените учесници ќе бидат известени само по електронска пошта, додека преостанатите ќе бидат поканети на интервју.

        Заинтересираните може да добијат дополнителни информации во Метаморфозис на телефонот 3109 325 или по електронска пошта info@metamorphosis.org.mk