Photo by Alizée Baudez on Unsplash

Основни информации  

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ има за цел да ја зајакнува свесноста и капацитетот на граѓаните и граѓанското општество за тие да ја преземат најдобрата можна улога како активисти за демократија, поддржувајќи ја власта да ја исполни нејзината демократска улога – да работи во служба на општеството.  

За поддршка на своите секојдневни програмски и проектни активности Фондацијата „Метаморфозис“ ќе ангражира ИТ специјалист. 

Одговорности на ИТ специјалистот 

  • Да ја одржува постоечката локална ИКТ инфраструктура на Фондацијата како и да нуди нови решенија за поефикасна и побезбедна работа 
  • Одржување на веб сајтовите кои припаѓаат на Фондацијата „Метаморфозис“ 
  • Одржување на веб серверите на Фондацијата „Метаморфозис“  
  • Одржување обуки од доменот на ИКТ Поддршка во набавките на ИКТ опрема и услуги  
  • Да соработува со колегите во „Метаморфозис“ за целокупно успешно спроведување на проектите и програмските активности. 

ИТ специјалистот ќе одговара директно пред Програмскиот директор.  

Потребни услови и лични вештини 

  • Завршено високо образование 
  • Напредно познавање на O365 
  • Искуство со веб-дизајн Искуство со администрација на веб сервер 
  • Искуство со давање обуки или презентации ќе се смета како предност 
  • Спремност за службени патувања во земјата и/или странство. 

Вид ангажман 

ИТ специјалистот ќе биде вработен/а на определено време од 1 година и со можност за продолжување на договорот.  

Услови за пријавување 

Заинтересираните кандидати/тки што ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат работна биографија (CV) и кусо писмо за интерес. Пријавите треба да бидат пратени по е-пошта на konkurs@metamorphosis.org.mk до 06.07.2021 година. 

Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

Фондацијата „Метаморфозис“ нуди еднакви можности за сите заинтересирани и не дискриминира по ниту една основа при вработувањето.