Најдобрите играчи на видео игри во светот се собрани во Сан Франциско да се натпреваруваат и да откријат кои се најдобрите играчи.
Најдобрите играчи на видео игри во светот се собрани во Сан Франциско да се натпреваруваат и да откријат кои се најдобрите играчи. Екипните и индивидуалните натпревари започнуваат во четворток по официјалната церемонија во среда навечер во центарот на Сан Франциско.
Учесниците ќе се натпреваруваат во неколку игри, меѓу кои се are Counter-Strike: Condition Zero, Unreal Tournament 2004, StarCraft: Broodwar, и WarCraft III: Frozen Throne.
Темата на годинашната манифестација којашто веќе има своја химна и маскота ќе биде „Излези од рамките на играта“ (Go Beyond the Game). Натпреварувањето е спонзорирано од корејската електронска компанија „Самсунг“ и од корејската влада.
На играчите не им беше лесно да влезат во конкуренција. Потребни беа голем број елиминациони кругови за еден натпреварувач да биде избран во националниот тим. Оние што успеаја во тоа за награда добија бесплатен авионски билет за Сан Франциско и бесплатно хотелско сместување во Играчкото село.
Во натпреварите ќе учествуваат натпреварувачи од преку 60 земји. Покрај стандардните учесници, Јужна Кореја, Германија и САД, свои тимови испратија и Кувајт, Узбекистан, Србија и Црна Гора и Иран.
Официјалниот веб сајт можете да го најдете на овој линк.