Светската организација за интелектуална сопственост спроведува он-лајн дискусија на тема „Интелектуалната сопственост во информатичкото општество“

Светската организација за интелектуална сопственост (The World Intellectual Property Organization – WIPO) спроведува он-лајн дискусија на тема „Интелектуалната сопственост во информатичкото општество“ којашто е отворена од 1 јуни и ќе трае до 15 јуни 2005 година. Овој он-лајн форум е отворен со цел да се овозможи и да се поттикне отворена дебата во врска со прашањата поврзани со интелектуалната сопственост во информатичкото општество. Заклучоците од форумот ќе бидат дел од придонесот на Светската организација за интелектуална сопственост за Светскиот самит за интелектуална сопственост кој ќе се одржи во месец ноември во Тунис.

На форумот има 10 теми кои се отворени за дискусија. Под секоја тема можете да прочитате коментар за таа тема и список на прашања кои треба да се земат предвид, можете да погледнете релевантни информации, да ги прочитате веќепостоечките коментари и да се приклучите во дискусијата оставајќи ваши коментари.