Конкурсот е дел од меѓународниот филмски фестивал на One World за човековите права што се одржува во Прага, Република Чешка, од 8 до 17 март, 2011г.

Ве поттикнуваме да доставите материјали за вашата тековна работа кои ќе се земат предвид за Конкурсот на One World за нови медиуми за општествени промени, кој ќе биде дел од 13-от годишен Меѓународен филмски фестивал на One World за човековите права што ќе се одржи во Прага, Република Чешка, од 8 до 17 март, 2011 година.

One World сака да ги собере најдобрите примери за тоа како невладините организации, владините иницијативи и непрофитните организации ги користат новите медиуми за поефикасно да ја пренесат својата порака до сè поголемата глобална публика во дигиталното доба.

One World е најголемиот и најзначаен филмски фестивал за човекови права во Европа и е цврсто етаблиран како еден од врвните културни и медиумски настани во Република Чешка. Целта е вниманието на пошироката јавност и растечкиот трет сектор да се насочи кон важната работа што се изведува преку новите медиуми и Веб 2.0 апликациите. Вашата работа може да ги инспирира другите да размислат за начинот на кој интернетот и технологијата создале нови методи и пристапи за справување со некои од најтешките прашања во светот.

За повеќе информации, посетете го: http://www.oneworld.cz

Извор: Fundacja techsoup “One World’s New Media for Social Change Competition” 30 декември, 2010.