Организацијата на Обединетите нации преку својата мрежа за слободен софтвер (Open Source Network) во сабота, 28.08.2004, за првпат ќе ја организира манифестацијата Ден на слободата на софтверот (Software Freedom Day)…
Организацијата на Обединетите нации преку својата мрежа за слободен софтвер (Open Source Network) во сабота, 28.08.2004, за првпат ќе ја организира манифестацијата Ден на слободата на софтверот (Software Freedom Day). На посетителите ќе им се дели пропаганден материјал како и дискови со одбран слободен софтвер со цел едукација на азиските корисници за придобивките од слободниот софтвер и поддршка за негова поширока употреба.
Азиските земји имаат намера да го заменат оперативниот систем Виндоус со стандардизираната верзија на Линукс наречена Ејжнукс. Мајкрософт се согласи да продава поевтина верзија на Виндоус ХП во Малезија, Тајланд и Индонезија за да го спречи евентуалното губење на азискиот пазар.