На Скопскиот саем денеска беше отворен ИНФОКОМ 2005
На Скопскиот саем денеска беше отворен 11 Меѓународен саем на комјутери, телекомуникации, биро опрема, аудио и видео опрема и стручна литература ИНФОКОМ 2005. Саемот го отвори Јани Макрадули, претседател на владината Комисија за информатичка технологија. Во својот говор тој истакна дека денес во развиените земји ИТ е темел на модерната економија, главен извор на иновации и сектор што постојано е во подем.
Инфоком 2005 ќе трае до 23 април. Оваа година ќе бидат претставени 250 фирми. Изложувачите се сместеи во две хали. Во првата се изложени најновите модели на компјутери и компјутерска опрема, хардвер, софтвер, комјутерски мрежи, компјутерско проектирање и дизајн, а во втората хала канцелариска опрема, компјутерски публикации, стручна литература и системи за обезбедување.
Во третата хала за првпат ќе биде одржан турнир во компјутерски игри, со награднен фонд од 5 000 евра за најдобрите натпреварувачи.