Кралското друштво (the Royal Society), Академијата на науките на Обединето Кралство, го објави своите седум списанија достапни за симнување
На 14 септември 2006 година една од најважните историски научни збирки стана достапна онлајн. Кралското друштво (the Royal Society), Академијата на науките на Обединето Кралство, го објави своите седум списанија достапни за симнување. Првиот број на списанието на Кралското друштво, Филозофски тези (Philosophical Transactions), сега достапен за сите, е објавен во 1665 година.

Изданијата на списанијата содржат објаснувања на некои од најважните научни откритија во светот, како што се пронаоѓањето на аспиринот од Едмунд Стоун , пронаоѓањето на ДНК од Вотсон и Крик , и др.

За жал, македонските академски институции ги објавуваат своите списанија во печатена форма, без да ги искористат придобивките на новите технологии, со ограничена дистрибуција, и некогаш со целиот текст само на македонски јазик.
 
Фондацијата Метаморфозис во 2007 година ќе започне со проект за Отворен пристап во Македонија којшто ќе има за цел да и помогне на македонската научна заедница да му се претстави на светот.