По повод одбележувањето на Денот на потрошувачите, 15 март, а со цел подигнување на јавната свест за заштита на личните податоци на потрошувачите во телекомуникацискиот сектор, Дирекцијата за заштита на личните податоци, Агенцијата за електронски комуникации, Организацијата на потрошувачи на Македонија, T-Мобиле Македонија, ВИП ОПЕРАТОР, ONE Телекомуникациски услуги, Македонски Телеком и Ало Телеком заеднички ќе организираат Отворени денови – заштита на личните податоци на потрошувачите под мотото МОЈОТ БРОЈ – мојот ЗАШТИТЕН СВЕТ!
Отворените денови ќе се одржат на 15 март во Скопје (Градски Трговски Центар), 17 март во Тетово (Плоштад Илирија), 20 март во Битола (Плоштад Магнолија) и 24 март во Штип, од 12:00 – 16:00 часот.
Извор: Дирекција за заштита на личните податоци „МОЈОТ БРОЈ – мојот ЗАШТИТЕН СВЕТ!“ 14 март, 2012.



