Во Пакистан беше потпишан закон за сајбер криминал, согласно кој, шегите на адреса на шефот на државата на Интернет можат да бидат казнувани до 14 години затвор.
Според британската телевизија „Скај њуз“, новиот закон бил потпишан од претседателот Асиф Али Зардари.
Федералната агенција за истрага е задолжена да „патролира“ по виртуелното пространство, да бара шеги за претседателот и да ги бара нивните автори.
Агенцијата ќе ги следи електронските страници, личните блогови и текстуалните пораки преку мобилен телефон.
Според министерот за внатрешни работи Рехман Малик целта на мерката е да ги „пресече сите нездрави мисли“ против власта.
Извор: А1 „14 години затвор за шега со власта“ 23 јули, 2009.



