На својата прва годишнина, Партнерството за отворена власт (OGP) промовираше механизам за независно известување (IRM) како еден од клучните начини преку кои заинтересираните страни може да го следат напредокот и влијанието кај владите кои учествуваат во OGP.
IRM ќе го надгледува Меѓународен експертски панел од осум членови (IEP), кој се состои од три високи советници и пет технички експерти или експерти за политики. Високите советници ќе обезбедат стратешки совети во текот на почетниот развој на целокупниот пристап за процена на IRM. Панелот ќе одигра клучна улога во меѓународната и регионална промоција на наодите и импликациите од извештајот за IRM.
Френсис Мод, пратеник и министер во Кабинетот на Обединетото Кралство и ко-претседавач на OGP, изјави: „Сметам дека конечниот успех или неуспех на OGP зависи од воведувањето на новиот механизам за независно известување. Со оваа уникатна иницијатива владите доброволно ќе се подложуваат на формален надзор од истражувачи од граѓанското општество“.
Министерот Кунторо Манкусуброто од Индонезија и ко-претседавач на OGP забележа: „OGP оствари значителен напредок во текот на првата година, но владите учеснички се свесни дека напорната работа допрва почнува. Ние треба да се фокусираме на акција и да обезбедиме дека нашите обврски, кои заедно се повеќе од 300, ќе се исполнат“.
Ко-претседавачот на OGP, Ворен Крафчик изјави: „независниот и непристрасен процес на ревизија и обемните извештаи од IRM се основни знаци за посветеноста на OGP кон отвореност“.
Освен што е клучно средство за следење на напредокот на владите учеснички, IRM игра и клучна улога во обезбедувањето континуиран кредибилитет и легитимитет на OGP. Ќе издаде годишни независни извештаи за оценка за секоја влада што учествува и ќе обезбеди дека процесот е со висок квалитет, веродостоен и независен.
Членовите на панелот составен од технички и политички експерти ќе играат директна улога во надгледувањето на процесот за контрола на квалитетот за креирање на извештајот за IRM, вклучувајќи го разгледувањето и одобрувањето на конечните извештаи пред објавување. Членовите на Меѓународниот експертски панел првично ќе имаат двегодишен мандат, со можност за продолжување од една година.
За OGP
Партнерството за отворена власт (OGP) е меѓународна иницијатива насочена кон обезбедување конкретни заложби од владите за промовирање на транспарентноста, зголемување на граѓанското учество, борба против корупцијата, како и искористување на новите технологии за власта да се направи поотворена, поефикасна и поодговорна.
Иницијативата официјално започна минатата година кога осумте основачки влади (Бразил, Индонезија, Мексико, Норвешка, Филипини, Јужна Африка, Обединетото Кралство и САД) ја поддржаа декларацијата за отворена власт и ги соопштија своите акциски планови.
Во изминатата година, OGP имаше драстичен пораст, од првичните осум основачки влади до 57 влади учеснички од целиот свет. Вкупното население на 57-те земји кои учествуваат во Партнерството за отворена власт е 1,97 милијарди луѓе, врз основа на статистиката за 2011 г. од Светската банка (најновите достапни податоци), што претставува 28,2 проценти од населението во светот.
Управниот комитет на Партнерството за отворена власт го води двочлен тим за управување кој повремено се менува – сегашни ко-претседавачи се Обединетото Кралство, Индонезија, а претседавач е Ворен Крафчик од Меѓународното буџетско партнерство.
За меѓународниот експертски панел
IRM ќе го надгледува осум-член меѓународен панел од експерти (IEP), кој ќе биде составен од пет политички или технички експерти и тројца високи советници. Техничките експерти ќе играат директна улога во надгледувањето на процесот на контрола на квалитетот за подготовка на извештајот за IRM, вклучувајќи разгледување и одобрување на конечните извештаи пред објавување.