meta tim sliki-02.jpg

Ардит Рамадани

Ардит Рамадани е дипломиран правник, но работи како новинар од 17-годишна возраст. Тој започнал да се занимава со новинарство првите две години како практикант во онлајн медиум наречен „ShqipMedia“, каде подоцна бил и официјално вработен. За време на стажирањето, тој исто така волонтирал во локалната невладина организација „Мултикултура“, што го натера да пишува за онлајн медиум „Bon Zo“.

За време на факултетските денови, Ардит бил ко-креатор на феминистичко движење, каде што координирал многу проекти поврзани со човековите права. Ардит исто така бил и сенатор во Студентскиот парламент и Здружението, каде што покренал неколку важни прашања во однос на правата на студентите. Тој ја искористил оваа позиција за да се заложи за понатамошни реформи, борејќи се против негативните појави во образовниот систем на Северна Македонија, како што се корумпирани професори кои бараат сексуални услуги и политичко влијание во студентските организации.

Речиси две години, Ардит работи како новинар со полно работно време во www.Portalb.mk, со седиште во Скопје, каде што пишува на различни теми, а за тоа време, Ардит работи и како рецензент во crithink.mk и како проверувач на факти за изборите во 2020 година, во vistinomer.mk. Ардит во моментов е обучувач и предава на група средношколци vo „Моша Пијаде“ во Тетово za демократски вредности и важноста на активната младина. Во исто време, тој е еден од координаторите на движењето наречено „Центар за еднакви можности“.

Н А Ш И О Т

Т И М