Новинар
Доктор по политички науки, на модулот „Демократијата во услови на глобализација“ на Институтот за социолошки и политичко – правни истражувања при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Магистер по медиуми и комуникации, дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Од јули 2011 година до март 2019 година работел како новинар во порталот за архитектура, градежништво и урбан развој „Билд.мк“. Во 2016 година бил стипендист на Балканската стипендија за новинарска извонредност (Balkan Fellowship for Journalistic Excellence). Една година подоцна, бил стипендист на „Thesaurus Poloniae“ стипендијата на Министерството за култура и национално наследство на Република Полска и Меѓународниот културен центар во Краков. Остварил докторски престој во Нова Горица и Љубљана – Словенија (2013 година) и постдокторски престој во Краков – Полска (2017 година). Во 2018 година ја доби наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија. Од февруари 2019 година е новинар во новинската агенција „Мета“.