Мени

Фросина Ѓоргиева

Фросина е дипломиран преведувач и толкувач од англиски на македонски јазик и обратно на катедрата по англиски јазик и книжевност на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје.  По дипломирањето запишува доквалификации на истата катедра – наставна насока. Работно искуство стекнува како преведувач на книжевни дела во издавачката куќа „АРС Студио“, но и како наставничка по англиски како втор јазик во истата издавачка куќа непосредно по дипломирањето.

Во тимот на Фондацијата Метаморфозис започнува да работи во јуни 2019 година како преведувач но исто така се вклучува и во останатите активности на фондацијата.