Раководител на проект
Дипломиран преведувач и толкувач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Нина во тимот на Метаморфозис се вклучува во 2022 година како раководител на проект во рамки на програмата „Медиуми за демократија“.
Нејзиното претходно работно искуство вклучува работа во граѓанскиот и медиумскиот сектор – работа со млади, креирање и спроведување јавни кампањи и акции, застапување, организација на настани и координирање проекти на теми поврзани со човекови права, неформално образование, граѓански активизам, медиумска писменост, ментално здравје и животна средина.
Има искуство како координатор на клубови за неформално образование, едукатор при обуки за средношколци и лица од маргинализирани групи и членува во домашни и меѓународни мрежи.