meta tim sliki-02.jpg

Јетон Красниќи

Јетон Красниќи е искусен професионалец со повеќе од 20 години работа на проекти за развој и соработка во Северна Македонија и во регионот на Западен Балкан. Во текот на неговото работење за разни меѓународни и локални организации се има стекнато со обемно искуство во раководење со грантови, главно за поддршка на здруженија на граѓани во земјата. Додека беше вклучен во спроведувањето на Цивика Мобилитас проектот целосно ги дизајнираше и разви грант компонентите. Воедно Јетон има работено на неколку УСАИД проекти за развој на граѓанско општество во Северна Македонија при што ја координираше работата на тимот за грантови и ги конципираше грант компонентите на годишно ниво, врз основа на насоките од донаторот и тековните стратешки трендови во земјата, а воедно и го надгледуваше и прилагодуваше градењето на капацитетите на грантистите како и видливоста и опфатот на проектот.

Н А Ш И О Т

Т И М