Мени

Ќендреса Сулејмани

Ќендреса е програмски директор во Фондацијата Метаморфозис. Таа е особено заинтересирана за застапување на доброто владеење, граѓанското ангажирање, реформите во медиумите и демократијата во Северна Македонија и регионот.

Таа работи во граѓанскиот сектор од 2010 година и оттогаш таа менаџира и работи на неколку проекти што ги поддржуваат реформата на јавната администрација, транспарентноста и отчетноста на властите и граѓанското ангажирање. Ќендреса исто така спроведува и истражувања на политиките и има учествувано во повеќе процеси на креирање политики.

Таа е магистер по „Политика, безбедност и интеграција“ при Универзитетскиот колеџ во Лондон. Исто така има и двојна диплома од Американскиот Универзитет во Бугарија по програмите Југоисточни европски студии и Меѓународни односи, со Европски студии како втор главен предмет.