meta tim sliki-02.jpg

Марија Николоска Арсовска

Раководител на проект

Има дипломирано на Економскиот факултет во Скопје на насоката е-бизнис, а магистрирано на Факултетот за електроника и информатички технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје на насоката Проектен менаџмент.

Таа има работно искуство во областите реформа на јавната администрација и e-влада. Долги години има работено на остварување на меѓународна соработка, ЕУ интеграција и имплементација на проекти финансирани од донатори од различен обем.

Марија е сертифициран проектен менаџер по PRINCE2, сертифициран SCRUM Master и сертифициран обучувач и оценувач за управување со квалитет (CAF).

Има водено значајни проекти за добро управување, е-влада, градење на капацитети на централно и на локално ниво и управување со квалитет. Учествувала во креирање на неколку значајни национални политики и стратешки документи.

Марија била вклучена во работата на повеќе регионални и меѓународни тела и организации.

Во тимот на Фондација Метаморфозис се приклучи во март 2020 година и работи на проектот на УСАИД за граѓанско учество.

 

 

 

Н А Ш И О Т

Т И М