Мени

Виолета Јончевска

Има дипломирано на Факултетот за драмски уметности во Скопје, оддел Продукција, Универзитет „Св. Кирил и Методиј”. По завршување на студиите од 2005 година до 2008 година работи на бројни телевизиски и филмски проекти во сектор продукција. Од 2008 до 2018 година својот професионален ангажман го продолжува во професионални маркетинг и ПР агенции како ПР и aкаунт менаџер. Работејќи на клиенти од различни области се стекнува со големо маркетинг искуство.

Во рамките на Фондацијата Метаморфозис е ангажирана на СТЕП проектот како Специјалист за социјални медиуми и одговорна за промовирање на активностите на проектот.