meta tim sliki-02.jpg

Зоран Ричлиев

Раководител на проект

Зоран Ричлиев е медиумски експерт и проектен менаџер со ектензивно искуство во новинарството, дигиталните комуникации и развојот на медиумите. Меѓу другото, неговата експертиза опфаќа и мултимедијално новинарство, медиумска писменост и политики, како и безбедност на новинарите.

Како дипломиран новинар од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја започна својата кариера во Утрински весник, а потоа беше дигитален продуцент во Медиа Принт Македонија. Истовремено, предаваше мултимедијално новинарство на Македонскиот институт за медиуми и Високата школа за новинарство и односи со јавноста.

Беше основачки главен уредник на Mnogoo.mk и Telegraf.mk, а во БИРН работеше како офицер за развој и комуникации и истражувач. Од 2018 до 2024 година тој беше дел од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, каде што програмски работеше на унапредување на медиумската писменост, развојот на медиумите и безбедноста на новинарите.

Автор е на истражувачки трудови и препораки за медиумски политики.

Н А Ш И О Т

Т И М