Веб-сајтот на Петицијата за гарантиран јавен пристап до резултатите од истражувања што биле финансирани со пари од граѓаните има цел да ги оствари препораките на Студијата за економската и техничка еволуција на пазарите на научни публикации во Европа (pdf), објавена од Европската комисија во јануари 2006 година.

Основните препораки од истражувањето се:

  • Да се воспостави европска применета политика на европско ниво, со која сите научни трудови што произлегуваат од истражувања финансирани од Европската комисија по определен временски период да се направат достапни преку архиви со отворен пристап,
  • ЕК, заедно со земјите-членки на ЕУ и со европските истражувачки и академски асоцијации, да испита како да се спроведат таквите применети политики и отворени архиви.

„Мисијата за ширење на знаењето е само половично извршена ако информациите не се широкодостапни за целото општество“ – Берлинска декларација од 2003.