Како што постојано тврдеа многубројни специјалисти за ИТ, активисти за дигитална слобода и организации во текот на последните неколку години, пиратството на интернет не влијае на приходите на музичката индустрија, што се докажува со новото истражување спроведено од Институтот за потенцијални технолошки студии кој е дел од Заедничкиот истражувачки центар на Европската Комисија.

Откако ги разгледале навиките за прелистување на 16.000 Европејци, истражувачите откриле дека пиратството на интернет влијае позитивно врз посетата на легалните музички продавници.

„Се чини дека поголемиот дел од музиката што се користи незаконски од страна на поединци во нашиот примерок не би бил купен ако на тие поединци не им биле достапни веб-локациите за нелегално преземање“, се вели во истражувањето објавено од истражувачите под наслов „Потрошувачката на дигитална музика на интернет: Докази од податоците за кликнувањата“.

Односот помеѓу пиратството на интернет и музичките продавници беше утврден со споредба на посетите на корисниците на наводно нелегални веб-локации и посетите на легалните музички продавници, а заклучокот беше дека корисниците што посетуваат наводни нелегални сајтови има голема веројатност да посетуваат и легални продавници. Се чини дека стримингот на интернет ја стимулира продажбата на дигиталната музика.

„Ако слободно ја протолкуваме оваа проценка, тоа би значело дека легалните веб-локации би имале 2 отсто помал број кликнувања доколку не постојат веб-локациите за нелегално преземање“ се вели во истражувањето. Признавајќи дека врз ова можат да влијаат и други надворешни фактори, истражувачите заклучуваат дека во секој случај не постои доказ дека пиратството на интернет е штетно за продажбата на музичката индустрија. Истражувањето исто така дека „пиратството на дигитална музика не е штетно за законските купувања на музика во дигитален формат. Ова значи дека иако се прекршуваат правата на приватна сопственост, малку е веројатно дека може да се нанесе голема штета на приходите од музиката во дигитален формат“.

Овој документ е многу корисен во тековната дебата за заштита на авторските права во Европа и претставува добар аргумент против зголемениот надзор и регулирање на содржините заштитени со авторски права.

Извор: ЕДРИ-грам „Online piracy is not to be blamed for the drop in music revenues“ бр. 11.6, 27 март, 2013.