pisi.im

Сервисот pisi.im нуди опција граѓаните да поставуваат прашања до своите избраници (градоначалници, советници во општина и пратеници) преку електронска пошта. Преку транспарентен процес се овозможува секој граѓанин да избере претставник на кој сака да му постави прашање, кое покрај тоа што ќе биде пратен до соодветниот претставник по е-пошта, тоа ќе биде и објавено на сајтот.

Доколку претставникот одговори на поставеното прашање, граѓанинот ќе го добие одговорот по е-пошта и истиот одговор ќе биде објавен на сајтот. Со ваквата практика покрај тоа што се покажува
отвореноста на претставниците, се овозможува и една база на прашања и одговори, кои се достапни онлајн за секој заинтересиран граѓанин.

Проектот е финансиран од Фондацијата отворено општество – Македонија

Назад кон програмата Добро владеење

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

pisi.im