Работејќи заедно, ние можеме да покажеме како, земја со релативно умерен БДП по глава на жител, може да успее во градење на општество со сеопфатно знаење – стои во писмото на Бил Гејтс
Претседателот на Владата на Република Македонија Владо Бучковски доби писмо од господин Бил Гејтс, сопственик на „Мајкрософт“, јавува Агенцијата за информации.
– Со задоволство ги примив информациите за тоа како напредуваме со спроведувањето на Договорот за стратешко партнерство со Владата на Република Македонија – се вели во писмото.
– „Мајкрософт“ се согласува дека владите имаат клучна улога не само во оформувањето на технолошката инфраструктура во сопствените држави, туку и во влијанието, инвестирањето и поттикнувањето на технолошките иновации.
Нашиот „Мајкрософт“ тим, ќе продолжи да соработува со Вас, со цел да овозможи најдобро да ја примените нашата технологија за доброто на македонските заедници. Работејќи заедно, ние можеме да покажеме како, земја со релативно умерен БДП по глава на жител, може да успее во градење на општество со сеопфатно знаење – стои во писмото на Бил Гејтс.
Извор: Агенција за информации