Во текот на тестирањето за интероперабилност на електронските пасоши од втората генерација во Прага минатата недела, Entrust, Inc демонстрираше успешна размена на PKI сертификати меѓу системите на Обединетото Кралство и Словенија.
Една од клучните цели на петдневното тестирање во Прага беше европските земји да докажат дека нивните нови електронски пасоши што содржат биометриски податоци заштитени со „Зголемена контрола на пристап“ се усогласени со стандардите. Исто така требаше да се потврди интероперабилноста помеѓу системите за инспекција на „Зголемената контрола на пристап“ и е-пасошите од различни земји.
„Ова е многу битен чекор во еволуцијата и тестирањето на владините документи кои користат поголема заштита на биометриските податоци и сертификатите. Нашата интеграција и резултатите постигнати од аспект на интероперабилноста говорат сами за себе“ изјави Боб Лапента, основач и главен извршен директор на L-1 Identity Solutions.
Земјите почнуваат да ги унапредуваат нивните програми за е-пасоши до втората генерација, што вклучува подобрена заштита на безбедноста и приватноста, бидејќи од земјите-членки на ЕУ се бара до јуни 2009 да додадат напредни биометриски податоци на нивните документи што може да се читаат со специјални уреди – читачи.
Извор: Соопштение за печат – www.entrust.com, 18 септември, 2008