Европската комисија, заедно со високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, објави стратегија за компјутерска безбедност заедно со директивата за мрежа и информатичка безбедност предложена од Комисијата (NIS).
Стратегијата за компјутерска безбедност – „Отворен, безбеден и сигурен сајбер-простор“ – ја претставува сеопфатната визија на ЕУ за тоа како најдобро да се спречи и да се одговори на компјутерските напади. Ова има цел зголемување на европските вредности за слобода и демократија и да обезбеди дека дигиталната економија може безбедно да расте. Конкретните активности се во насока на подобрување на сајбер отпорноста на информатичките системи, намалување на компјутерскиот криминал и зајакнување на меѓународната политика за компјутерска безбедност на ЕУ и одбраната од компјутерските напади.
- Стратегијата ја артикулира визијата на ЕУ за сајбер-безбедноста во однос на пет приоритети:
- Постигнување на сајбер-отпорност
- Драстично намалување на компјутерскиот криминал
- Развој на политика за компјутерска одбрана и способности поврзани со Заедничката безбедносна и одбранбена политика
- Развој на индустриски и технолошки ресурси за компјутерска безбедност
- Воспоставување кохерентни меѓународни политики за сајбер-просторот за Европската унија и промовирање на основните вредности на ЕУ
Меѓународната политика на ЕУ за сајбер-просторот го промовира почитувањето на основните вредности на ЕУ, дефинира норми за одговорно однесување, се залага за примена на постоечките меѓународни закони во сајбер-просторот, а им помага земјите надвор од ЕУ со сајбер-безбедноста градење на капацитетите и унапредување на меѓународната соработка на прашања од областа на компјутерската безбедност.
ЕУ оствари клучен напредок во подобрата заштита на граѓаните од злосторствата на интернет, вклучувајќи го и воспоставувањето на Европскиот центар за компјутерски криминал, предложувајќи легислатива за напади врз информатичките системи и лансирајќи ја Глобалната алијанса за борба против сексуална злоупотреба на деца на интернет. Стратегијата има за цел и развивање и финансирање на мрежата на национални Центри за компјутерски криминал за да се олесни обуката и градењето капацитети.
Предложената Директива НИС е клучна компонента на целокупната стратегија и ќе бара од сите земји-членки, клучните интернет овозможувачи и оператори на критичната инфраструктура како што се платформите за e-трговија и социјалните мрежи и оператори во енергетиката, транспортот, банкарството и здравствените услуги за да се обезбеди безбедна и сигурна дигитална околина во ЕУ. Предложената директива ги утврдува следниве мерки:
(А) Земјата-членка мора да донесе стратегија за NIS да назначи национален надлежен орган за NIS со соодветни финансиски и човечки ресурси за да се спречи, да се справи со и да одговори на ризиците и инцидентите на NIS;
(Б) Создавање на механизам за соработка меѓу земјите-членки и Комисијата, за споделување на раните предупредувања за ризици и инциденти преку безбедна инфраструктура, да соработуваат и да организираат редовни рецензии;
(В) Операторите на критични инфраструктури во некои сектори (финансиски услуги, транспорт, енергија, здравство), даватели на информатички услуги (особено: продавници/платформи за е-трговија, плаќање преку интернет, клауд компјутинг, интернет пребарувачи, друштвени мрежи) и јавните администрации ќе мора да ги усвојуваат практиките за управување со ризици и да пријавуваат поголеми безбедносни инциденти со нивните основни услуги.
Нели Крос, потпретседателот на Европската комисија за дигиталната агенда изјави:
„Колку повеќе луѓе се потпираат на интернетот, толку повеќе очекуваат тој да биде безбеден. Безбедниот интернет ги штити нашите слободи и права и нашата способност за бизнис. Време е да се изврши координирана акција – „Трошоците на недејствувањето се многу повисоки од трошоците за дејствување“.
Кетрин Ештон, висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика / Заменик-претседател на Комисијата, изјави:
“Ако сакаме компјутерскиот простор да остане отворен и слободен, на интернет треба да важат истите норми, принципи и вредности кои ЕУ ги поддржува и вон интернет. Фундаменталните права, демократијата и владеењето на правото треба да бидат заштитени во компјутерскиот простор. ЕУ соработува со своите меѓународни партнери како и со граѓанското општество и приватниот сектор, за да ги промовира овие права и на глобално ниво“.
Сесилија Малмстром, Комесарот на ЕУ за внатрешни работи изјави:
„Стратегијата ги нагласува нашите конкретни активности за драстично да се намали компјутерскиот криминал. На многу земји на ЕУ им недостигаат потребните алатки за откривање и борба против организираниот криминал на интернет. Сите земји-членки треба да воспостават ефикасни национални единици за компјутерски криминал кои можат да имаат полза од стручноста и поддршката на Европскиот центар за компјутерски криминал (EC3).