Сојуз на стопански комори
Во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) од вчера почна со работа Комората за информатичко-комуникациска технологија и услуги (ИКТ), јави МИА.
Иницијативата за формирање ИКТ-комора ја покренаа 25 фирми од земјава – хардверски и софтверски дистрибутери, сервисни и кабелски интернет-оператори, продавници за ИКТ-опрема и услужни фирми од областа на информатиката и телекомуникациите.
– Постои голема потреба за модерна ИКТ-комора, која ќе се занимава со потребите на прогресивните мали и средни претпријатија – смета Венко Глигоров, претседател на Сојузот и еден од иницијаторите за формирање на новата комора.
Во Македонија активно работат над 300 фирми од областа на информатичко-комуникациска технологија и услуги. Според анализите на ССК тие годишно имаат промет од 120 до 150 милиони долари.
Извор: Дневник