Минатата година гигантите во областа на производство на графички картички, ATI и Nvidia, работеа на развивање на нови чипови за мобилни телефони, Imageon и GoForce…

Минатата година гигантите во областа на производство на графички картички, ATI и Nvidia, работеа на развивање на нови чипови за мобилни телефони, Imageon и GoForce.

Денес графичките можности на мобилните телефони се релативно слаби во споредба со персоналните компјутери. Тоа се должи на повеќе фактори. Најголем проблем е просторот и степенот на функционалност што може да го има еден уред со големина на мобилен телефон.

Чипот на Nvidia, GoForce 3D 4500, претставува подобрување на јасноста на сликата на мал екран и може да прикажува филмови заедно со превод, доколку го има, зголемувајќи ја резолуцијата од 1.3 мегапиксели на 3 мегапиксели.

Чипот на АТI, IMAGEON 2300, претставува склоп на уред за прикажување на 2Д и 3Д графика, потоа видео-декодер за форматот МПЕГ 4, кодирање и декодирање во ЈПЕГ формат, и уред за обработка на снимени фајлови со камера од 2 мегапиксели.