Фондација Метаморфозис, Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21, на 24 септември 2025 година организираат тематски форум „Отворена општина – активна заедница“ со почеток од 10:30 часот во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар (Скопје). Агендата за форумот е достапна тука.
Сузбивањето на корупцијата е клучно за довербата во локалната власт, демократијата и доброто управување на локално ниво. Граѓаните ја гледаат како еден од најгорливите проблеми, а дигиталните технологии можат значајно да придонесат кон нејзино намалување преку зголемена транспарентност, отвореност и активна соработка со заедницата.
Преку форумот, нашата цел е да поттикнеме акција против корупцијата, обединувајќи претставници од локалната самоуправа, граѓански организации, активисти, експерти, граѓани и медиуми во заедничка борба заснована на инклузивност и соработка.
На настанот ќе бидат презентирани најновите наоди од Индексот на отвореност на локалната самоуправа за 2025 година, со цел граѓаните да добијат увид дали и колку нивната општина е отворена и отчетна, и врз основа на тоа да бараат нивна поголема вклученост во носењето одлуки на локално ниво. Истовремено, ќе бидат презентирани и успесите од менторската поддршка обезбедена за девет општини во рамки на проектот, со акцент на зголемување на нивната отвореност и транспарентност. Дополнително, на настанот ќе се истакнат придобивките од дигиталната платформа мЗаедница како алатка за поголемо граѓанско учество со нова функционалност за онлајн консултации.
Настанот ќе се одвива на македонски јазик со присуство од 40 учесници во Граѓански ресурсен центар (Скопје).
Сите заинтересирани за учество на настанот треба да се регистрираат на следниот линк најдоцна до 18 септември 2025 година: ЛИНК
Забелешка за приватност: Фотографиите направени за време на настанот ќе бидат промовирани на веб-страниците и социјалните медиуми на проектните партнери, и ќе бидат доставени до донаторот заради цели на проектно известување.
Тематскиот форум е овозможен со поддршка на Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас во рамките на проектот „Дигитална трансформација на локално ниво – Вклучена заедница за отпорност на корупција (ДИГИЛОК)“ спроведуван од Фондација за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална Коалиција и Центар за социјални иновации Блинк 42-21.
Оградување: Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС, НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика Мобилитас или организациите што ја спроведуваат.





