Полската фондација за слободен софтвер (Fwioo) формира тим од десетина експерти за да помогне во развојот на предмети за слободен и софтвер со отворен код наменети за средните и техничките училишта.
Fwioo планира да побара одобрение за предметите од Министерството за образование.
Во изминатите неколку недели, групата за застапување собра наставници од училиштата и универзитетите од три области: Вјелкополски, Лубуски и Заходнипоморски. Наставниците од овие области ќе соработуваат со универзитетските експерти.
Групата ќе започне да создава неколку групи на предмети. Fwioo се надева дека на средните училишта ќе им понуди неколку практични предмети за овој тип на софтвер, комбинирајќи ги со роботика и други иновативни видови на ИТ. „Овој предмет ќе се нуди по завршувањето на училишните часови“, објаснува Ивон Јаничка, еден од претставниците на Fwioo вклучени во образовниот проект.
Според неа, часовите ќе се одржуваат во училиштата во најмалку три области. „Ќе бидат опфатени околу стотина училишта и 1.100 ученици“.
Проектот насловен Strategia Wolnych i Otwartych Implementacji (SWOI, Стратегија за имплементацијата на слободен и софтвер со отворен код), е еден од најголемите проекти на Fwioo, со прелиминарен буџет од пет милиони полски злоти (околу 1,2 милиони евра). Проектот е ко-финансиран од Социјалниот фонд на Европската унија.
Извор: OSOR.eu „PL: School curriculum to be modernised with courses on free software“ 21 март, 2011.