Цената на телефонскиот импулс и на претплатата нема да се зголемуваат годинава, освен на новите пакети со дополнителни услуги.
Цената на телефонскиот импулс и на претплатата нема да се зголемуваат годинава, освен на новите пакети со дополнителни услуги. Ова го договориле премиерот Владо Бучковски и Елек Штрауб, главен извршен директор на унгарски „Матав“, на неодамнешната средба, информираше Дејан Мицковиќ, претседател на Бордот на директорите на „Македонски телекомуникации“.
– Единствено ќе се зголеми цената на претплатата за новите пакети со дополнителни телефонски услуги. Тие наскоро ќе им бидат понудени на корисниците. Станува збор, за нови и атрактивни услуги. Корисниците ќе може да избираат дали ќе ги користат стандардните услуги за основната претплата од 355 денари или ќе изберат повеќе услуги со поскапа претплата – рече Мицковиќ.
Раководство на телекомот соопшти и дека најверојатно ќе биде поддржано барањето на „Матав“ за ребрендирање на „Мобимак“ во „Т-мобил Македонија“ и на „Македонски телекомуникации“ во „Т-ком Македонија“.
Мицковиќ истакна дека дивидендата во износ од 42,4 милиони евра ќе се искористат претежно за проекти што се клучни за интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО.
– Има најави дека дел од парите треба да се потрошат за новите лични исправи, за реформите во судството, за инфраструктурни проекти, како што е изградбата на патот Струмица – Радовиш, како и за купување на зградите на македонските амбасади во странство – вели Мицковиќ.