Повеќе од 58 отсто од германските пензионери не сакаат да имаат мобилен телефон или компјутер.

Според студијата спроведена од истражувачот Арис за Битком – германската асоцијација за информатичка технологија, телекомуникации и нови медиуми, оваа бројка во голема мера се разликува од бројката кај возрасната група од 14 до 29 години – од кои само пет отсто немаат телефон или компјутер.

Претседателот на Битком, Аугуст-Вилхелм Шир изјави дека во Германија постои дигитален јаз помеѓу младата и старата популација.
Според него, станува збор за страв од новата технологија и тоа значи дека постарите луѓе пропуштаат навистина полезни услуги кои би можеле да ги добијат преку интернет или мобилен телефон.

Битком започна да нуди специјални обуки во факултетите, пензионерските домови и верските организации во обид да им помогне на постарите да го надминат нивниот страв од технологијата. Се надеваме дека постарите нема да бидат премногу уплашени и ќе ги посетат предавањата.

Извор: The Inquirer "German elderly opt out of communications age" 11 август, 2008