Во последните 12 месеци најголем пораст е забележан во Франција, а потоа следат Италија, Велика Британија и Германија…

Последното истражување што го спроведе Нилсен/Нет Рејтингс (Nielsen//NetRatings) покажува пораст на бројот на луѓето кои користат интернет од дома на европско ниво пораснал за 12%, односно достигнал до 100 милиони корисници.

Во последните 12 месеци најголем пораст е забележан во Франција, а потоа следат Италија, Велика Британија и Германија.

Според истражувањето, забележан е голем пораст и во користењето на брзи интернет врски. Во период од една година (од октомври 2003 до октомври 2004) бројот на луѓето кои користат брзи интернет врски од дома се зголемил од 34,1 милиони на 54,5 милиони луѓе, односно за 60%. Најголемиот пораст е забележан во Италија и изнесува 120%, а во Велика Британија 93%.