Европската вселенска агенција (ESA) сака да објави поголем дел од својот слободен софтвер. Агенцијата размислува да користи систем за следење на изворниот код за да помогне во „отплеткувањето“ на кодот кој би можел да биде достапен како слободен софтвер. како и програми кои, поради која било причина, не можат да бидат достапни.

Плановите на ESA за слободен софтвер се тема на студијата на случаи што ја објави OSOR на 14 ноември.

Според студијата на случаи, најголем дел од апликациите на ESA се развиени од страна на изведувачи и Агенцијата нема директна контрола врз нивниот развоен процес. Пред да можат да споделуваат такви апликации со другите, истражувачите треба да обезбедат дека кодот на ESA не содржи или не користи код со некомпатибилни лиценци.

ESA вели дека нејзината стратегија за слободен софтвер промовира соработка.

Во моментов, Агенцијата користи лиценци за слободен софтвер главно за апликации поврзани со набљудување и проучување на земјата. Сепак, според студијата на случаи на OSOR, ја разгледува можноста за примена на овој тип лиценци во други софтверски системи.

ESA сака да го намали бројот на лиценци што ги користи, се вели во студијата на случаи. Ова треба да биде од полза за нејзиниот проект за слободен софтвер.

Извор: ЕДРИ-грам „More open source software at European Space Agency“ 21 ноември, 2011.