Во 2009 година Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ) започна проект за поддршка на законодавни иницијативи на граѓанските организации во Република Македонија. Во годините кои следеа програмата беше проширена и НДИ моментално работи со единаесет организации.

Оваа година, Институтот ќе ја прошири програмата со цел вклучување на нова генерација граѓански организации кои учествуваат во тековни или нови иницијативи поврзани со интеграцијата на Македонија во ЕУ, вклучувајќи области како демократски развој, еднакви можности и вклученост, социјална политика, образовни реформи, еколошка заштита,човекови права и други. НДИ исто така е заинтересиран да поддржи граѓански локални иницијативи во контекст на претстојните локални избори.

Главна цел на овој проект е зајакнување на веќе постоечките капацитети на граѓанските организации во областите на законодавно лобирање, застапување и мониторинг, како и помагање во изградбата на коалиции помеѓу невладиниот сектор и пратениците во  Собранието на Република Македонија. Овој проект ќе:

– ги поддржи граѓанските организации во подобрувањето на нивните законодавни способности и знаења за процедурите заради зголемен придонес во законодавниот процес и посуштински надзор;

– им помага на граѓанските организации во градењето коалиции и во ефикасна комуникација со граѓаните за нивните цели и напори;

– унапредува тематска соработка помеѓу граѓанските организации и пратениците во Собранието на Република Македонија, комисиите и пратеничките групи.

Со цел зајакнување на граѓанското учество во законодавниот процес, НДИ ќе обезбеди техничка поддршка за избраните граѓански организации. Проектот се очекува да заврши на 31 март 2013.

Граѓанските организации заинтересирани за учество во оваа иницијатива треба да испратат мотивационо писмо во кое ќе ја опишат својата организација и нејзините активности. Мотивационото писмо треба да вклучува и нацрт предлог на законодавната или изборната иницијатива или мониторинг план кој тие сакаат да го спроведат. Писмата треба да се испратат по електронска пошта до Христијан Ѓоргиевски, менаџер на програма на hristijan@ndi.org.mk.

За дополнителни информации јавете се во НДИ на 02/3131-177.

Крајниот рок за доставување на писмата е петок, 20 април 2012 година. Организациите кои ќе бидат селектирани во првиот круг ќе бидат повикани на интервју.