Секторот за млади на Советот на Европа ги повикува сите млади блогери и активисти на интернет загрижени поради прекршувањата на човековите права, говорот на омраза на интернет, дискриминацијата и расизмот, да аплицираат за курсот за обука кој ќе се одвива меѓу мај и декември 2012 година, во кој спаѓа и семинар од 20 до 27 мај, 2012 во Европскиот младински центар во Будимпешта, како прва фаза во нивната вклученост во долгорочна кампања против расизмот, ксенофобијата и дискриминацијата.

„Млади луѓе во борба против говорот на омраза на интернет“ е проект на секторот за млади на Советот на Европа кој ќе се спроведува од 2012 до 2014 година. Проектот има за цел да им ги обезбеди потребните способности на младите и младинските организации за препознавање и дејствување против таквите прекршувања на човековите права. Тоа е проект против говорот на омраза, расизмот и дискриминацијата во нивното изразување на интернет. Проектот се темели на курс за обука и кампања преку интернет и се залага за акција и интервенција.

Апликациите мора да се поднесат до 19 април, 2012 г.

Повеќе информации за проектот, курсот за обука и процесот на аплицирање се достапни во овој документ.

Извор: Council of Europe Youth Department ‘Call for young bloggers and online activists: take action against discrimination online!’