Поздравете ги вашите Твитер следачи со „Баблтвит“

Сервисот овозможува креирање на кратки видеа, во времетраење од 30 секунди, со цел истите да се појавуваат на вашиот твитер профил. Притоа, видеото нема да се пушта секогаш кога корисниците ќе го посетат вашиот профил. Видеата добиваат свое УРЛ кое може да се пушти како стандарден твит, со што ќе ги повикате оние кои ве следат да видат што директно имате да им кажете.

Сервисот можете да го користите за да кажувате работи кои вие мислите дека треба да ги споделите на тој начин. Нови бабл-твитови можете да креирате онолку често колку што сметате дека има потреба, а најмногу 3 пати на ден. Пратете им поздрав, кажете им нешто важно или нешто интересно и занимливо, – вашата креативност е во прашање. Видео пораките креирани со баблтвит се појавуваат на скромен дел од страницата во вид на меурче, кое по репродукцијата, симпатично пука и се губи.

За креирање на бабл-твитови, нема потреба од претходна регистрација, туку само внесување на личното твитер име и секако, камера и микрофон, како неопходна техничка опрема за реализација на минијатурниот производ.

Дополнување: од страна
на корисниците
Брзина: брзо
Функционалност: одлична
Дизајн: прегледен
Навигација: скоро нема
Пребарувач: нема
Клучни зборови: има
Јавен бројач: нема
РСС/Атом: нема
Гугл-ранг: 4/10
Политика за приватност: има
Јазик: англиски
Адреса: www.bubbletweet.com

Сподели:

meta tim sliki-02.jpg

Поздравете

ги

вашите

Твитер

следачи

со

„Баблтвит“

Останати блог текстови

Заблуди за отворените податоци: искуства од Западен Балкан

23.04.2021

Извор: www.pixabay.com   Отворените податоци како концепт се релативно нови, тие сè уште не го прославиле својот 30-ти роденден откако за првпат се спомена како термин во 1995 година од американска научна агенција. Сепак, тие се прославија низ целиот свет со голема брзина, како резултат на потребата за брз и лесен пристап до информации што […]

Поглед одблизу на владите кои употребуваат Вештачка интелигенција (ВИ)

31.03.2021

Unsplash / Markus Winkler Кој би замислил пред 30 години дека луѓето – дури и повозрасните лица или оние кои немаат никакво знаење за компјутерите – ќе гласаат преку ова чудно ново нешто наречено Интернет? Гласањето на Интернет е веќе пракса во Естонија повеќе од една деценија. За триесет години од сега, денешните владини практики […]

Справување со предизвиците за подобрување на свеста за сајбер безбедност

08.03.2021

Дијапазонот на закани во интернет просторот е огромен и нема тенденција на намалување. Новите технологии со нивната различност во структурата придонесуваат за континуирано појавување на нови ранливости, а со тоа и нови закани по приватноста, доверливите материјали и достапноста на сервисите. Во такви услови, сите корисници на информатичките технологии мора да размислуваат како да го […]

Краток преглед на правните аспекти и политиките во поглед на регулирањето на дезинформациите во Северна Македонија

02.03.2021

Концептуалната поставеност на дезинформациите и лажните вести опфаќа прилично широк и развиен дијапазон. Иако македонскиот нормативен систем нема усвоена дефиниција за оваа појава, постои генералем консензус околу оперативното значење на терминот, која повеќе или помалку се поклопува со дефиницијата од речникот Кембриџ: невистинити информации кои се шират со намера да ги наведат луѓето да веруваат […]

Краток преглед на регулативата на ЕУ во однос на онлајн дезинформации

02.03.2021

Дезинформацијата предизвикува бројни штетни општествени последици, како на пример: нарушување на безбедноста; подривање на изборниот систем и процес; поттикнување недоверба во институциите; но, од правен аспект таа претставува директно нарушување на слободата на мислење и изразување – основно право втемелено во Повелбата за темелните права на Европската унија (Charter of Fundamental Rights of the European […]

Влијанието на 5G дезинформациите за време на КОВИД-19 кризата

02.03.2021

Живееме во време на невидени технолошки напредоци, иновации и научни откритија, особено во информациските и комуникациските технологии (ИКТ), каде посебно може да се издвои имплементијата и користењето на 5G мрежата ширум светот. Токму во времето на 5G имплементацијата ширум светот, бидејќи истото се поклопи со ширењето на вирусот COVID-19 и избувнувањето на пандемија, конспиролозите успеаја […]