Прирачникот, објавен од Данскиот институт за човекови права, опфаќа четири различни области на пристап до информации: јавната администрација, народниот правобранител и националните институции за човекови права, судството и невладините организации.
Данскиот институт за човекови права во соработка со голем број национални и меѓународни партнери објави нов прирачник: „Вовед во отвореност и пристап до информации“. Прирачникот опфаќа четири различни области на пристап до информации: јавната администрација, народниот правобранител и националните институции за човекови права, судството и невладините организации. Книгата е наменета да послужи како основа за дебата и дијалог и како придружен материјал за обучување и образување.
Прирачникот „Вовед во отвореност и пристап до информации“ можете да го преземете од следната адреса: http://www.humanrights.dk/upload/application/a99e42a1/accesstoinformation.pdf