Следниот викенд 16, 17 и 18 септември 2005 година, во организација на Фондацијата Метаморфозис и Слободен софтвер Македонија ќе се одржи 54 часовен преведувачки маратон за локализација на слободен софтвер во просториите на Фондацијата Метаморфозис.

Маратонот за локализација е замислен како собир на доброволци кои во краток временски период преведувајќи определен дел од софтверот ќе го преведат целиот канцелариски пакет Опенофис.орг 2.0 од англиски на македонски јазик.

За повеќе информации посетете  го веб-сајтот на Слободен софтвер Македонија каде што ќе ја најдете и пријавата за учество на маратонот.