„Лугола“ – групата на корисници на ГНУ/Линукс од Битола, на 28 декември во просториите на Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“ во Битола, во 18 часот, ќе одржи презентација на проектот и лаптоп компјутерот ОЛПЦ, чии што корисници се децата од земјите во развој, а инаку е проект инициран од организации во САД.

Владата на РМ, во оваа насока веќе спроведе пилот проекти преку кои две училишта од Скопје добија лаптоп компјутери за своите ученици од прво до четврто одделение.
Учесниците на настанот ќе можат практично да се уверат во можностите на лаптопот ОЛПЦ, и подетално да се запознаат со активностите на Лугола.

За повеќе информации, посетете ги следните веб-сајтови:

http://www.lugola.net

http://www.laptop.org
http://www.olpc.tv
http://olpc.blog.com.mk
http://www.slobodensoftver.org.mk
http://wiki.lugola.net