Прирачникот е дизајниран да им помага на Европските Тимови за реагирање во случај на инциденти поврзани со компјутерската безбедност…

Доставено од Богдан Манолеа

Прирачникот (изработен од EDRI-gram или European Digital Rights, непрофитна организација) е дизајниран така да им помага на Европските Тимови за реагирање во случај на инциденти поврзани со компјутерската безбедност, да се справат со тие инциденти и во европски услови да работат со различни законски кодови кои се однесуваат на компјутерскиот криминал и злоупотреба.

Особено внимание е посветено на испитување на содржината на Конвенцијата за сајбер-криминал на Советот на Европа, како и на предложената Европска рамковна одлука за напади врз информациските системи.

Публикацијата содржи една анализа на легислативата во секоја земја членка на Европската унија на полето на компјутерскиот криминал. Прирачникот содржи и еден скратен табеларен приказ заедно со клучните законски точки за засилување на контактите и механизмите на известување.