Изгледа дека новиот Сервис пакет 2 за Виндоус ХП (СП2) предизвикува сериозни проблеми со софтверот којшто е веќе инсталиран на компјутерите…
Изгледа дека новиот Сервис пакет 2 за Виндоус ХП (СП2) предизвикува сериозни проблеми со софтверот којшто е веќе инсталиран на компјутерите. Откако ќе го инсталирате СП2 на вашиот компјутер можно е некои од претходно инсталираните програми да не работат. По правило Виндоус фајрволот (Windows Firewall) е активиран и ги блокира сите неодобрени конекции на вашиот компјутер. Исто така, друг извор на проблеми може да претставува DEP (Data Execution Prevention). Во базата на Мајкрософт ќе го пронајдете написот под број 875357 Проблеми со дотерувањето на Виндоус фајрвол во Виндоус ХП СП2 кој ќе ви објасни како да направите исклучок и како да направите програмата да работи откако ќе ја додадете на листата на исклучоци. Оваа процедура ќе овозможи програмата да работи исто како што работела пред инсталирањето на сервис пакетот.
Некои компании ги предупредија компјутерските корисници да не го инсталираат СП2. На пример, Ај-Би-Ем го забавува инсталирањето на сервис пакетот којшто е ориентиран кон поголема безбедност. Во соопштението под наслов „Да се надгради или не“ коешто беше лиферувано на внатрешната мрежа на компанијата, Ај-Би-Ем ги советува своите вработени да не го инсталираат СП2 поради можни компликации.
-Овој пакет можеби е добра вест за другите корисници на Виндоус ХП, но Ај-Би-Ем ги советува корисниците да не го инсталираат СП2- се вели во соопштението. Ај-Би-Ем со своите 400.000 компјутери претставува голем корисник на Мајкросфт. Портпаролката на Ај-Би-Ем одби да ги коментира внатрешните работи на компанијата.
Првата бета верзија на Сервис пакет 2 за Виндоус ХП беше објавена во декември, потоа во март следеше верзијата кандидат за објавување 1 и на крајот верзијата кандидат за објавување 2 во јуни.