D.A.T.A – Анализа на податоци за транспарентност и отчетност

01.06.2018

Проекти

Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ започна со имплементација на четиримесечниот проект наречен D.A.T.A. – Data Analytics for Transparency and Accountability (Анализа на податоци за транспарентност и отчетност) во кој посебен тим за визуелизации на податоци работи директно со новинари и активисти од граѓанскиот сектор.

Целта на проектот е да се влијае врз начинот на кој новинарите и граѓанските здруженија работат со податоци, односно преку новинарство базирано на податоци да се обезбеди целосно почитување на професионалните и етички стандарди, но и да се создаде додадена вредност преку иновативен начин на презентација на резултатите од анализата на податоците.

Во рамки на проектот е предвидено да се организираат и неколку дводневни обуки за работа со податоци на кои ќе бидат поканети претставници на медиумите и граѓанските организации во Македонија.